Приказната оди кон својот крај

Акцијата која ја започнавме пред два месеци го достигнува својот врв. До сега со помош на сите хуманитарни луѓе и нивните 3Д печатари досега поделивме близу 10.000 визири за сите здравствени работници. Но поради хуманоста како и мотивацијата на сите поддржувачи на иницијативата во моментов се спрема испорака на уште 20.000 визири. Венчињата, ластикот и најголемиот дел од верилитот се пристигнати и се спремаат за испорака со што ќе постигнеме нешто што не се замислуваше… Секој здравствен работник во државата ќе има пристап до визир, ќе ги заштитиме и припадниците на МВР и АРМ. Од една идеја стигнавме до најуспешна хуманитарна акција. Ви благодарам на сите. 3D Принт Медицинска Опрема 

Scroll to Top