ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Асоцијацијана специјализанти и млади лекари АСМЛ Скопје (во понатамошниот текст Асоцијацијата) е самостојно, невладино, непартиско здружение на граѓани во кое членуваат граѓани на Република Македонија, кои во неа ги остваруваат своите лични и колективни права и слободи.

Член2

Асоцијацијата дејствува на територијата на Република Македонија, соработува со сите организации и институции, а неговата работа се одвива во согласност со постоечките Закони на Република Македонија, односно Уставот и Статутот.

ЧленЗ

Асоцијацијата има својство на правно лице со права, должности и одговорности утрвдени со овој Статут и Законот за здруженија и фондации. Асоцијацијата е самостојна во организирање и остварување на своите цели, задачи и активности во согласност со овој Статут и Законите на Република Македонија.

Член 4

Името на Асоцијацијата е: Асоцијација на специјализанти и млади лекари АСМЛ Скопје.
Скратено име е: АСМЛ Скопје
Седиште на Асоцијацијата е на ул.Бојмија 4/27, општина Аеродром, Скопје.

Член 5

Асоцијацијата има печат и штембил.
Печатот на Асоцијацијата е во кружна форма со пречник од 4 сантиметри со впишан текст:Асоцијација на специјализанти и млади лекариАСМЛ Скопје. Во центарот на печатот е стилизирано лого на Асоцијацијата.

Штембилот на Асоцијацијата е во правоаголна форма впишан текст: Асоцијација на специјализанти и млади лекариАСМЛ Скопје;со рубрики за деловен број, датум и место.

Член 6

Во  работата на Асоцијацијата  се  употребува  името  впишано  во  надлежниот регистер.
Работата на телата на Асоцијацијата се одвива на македонски, албански и англиски јазик. 

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА

Член7

Асоцијацијата ги има следните цели и задачи:

1. Формализирање и дефинирање на статусот на лекарите на  специјализација,  со цел нивно соодветно формално-правно  претставување

2.Претставување, заштита и унапредување на правата и статусот на докторите специјализанти во Македонија, како неопходна и витална карика во здравствениот систем на РМ, а кои права досега никогаш не биле специфично претставувани

3.Обезбедување професионална и бесплатна правна заштита 

4.Активности со цел воведување на институцијата Комисија за млади лекари во рамките на ЛКМ, преку статутарна измена, со задолжително статутарна одредба со која младите лекари ќе имаат свој претставник во ИК на ЛКМ

5.Да придонесе за унапредување на неспецифичната и специјалистичката континуирана медицинска едукација во РМ

6.Да промовира морален и етички кодекс на однесување првенствено помеѓу колегите , а крајно насочен кон пациентите

7.Да воспостави и унапредува интернационална комуникација и соработка, со цел активно следење на светските трендови во медицинската едукација.

8.Обезбедување на мобилност во едукативен процес на млади општи лекари и лекари на специјализација

Дејности на Асоцијацијата се:

94.99 Дејности на други организации врз база на зачленување,неспомнати на друго место;

Член8

Своите цели и задачи Асоцијацијата ги остварува преку:

  • Остварување на конкретни активности;
  • Спроведување на заеднички програмски активности;
  • Организирање на заеднички проекти, трибини, дебати, тркалезни маси,
  • Соработка  со  организации,   институции,   амбасади, здруженија ;
  • Вршење и на други работи во согласност со овој Статут и Законите на
    Република Македонија.

УСЛОВИ И НАЧИН НА ЗАЧЛЕНУВАЊЕ ВО АСОЦИЈАЦИЈАТА И ПРАВАТА, ОБВРСКИТЕ И ОДГОВОРНОСТИТЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ

Член9

Во Асоцијацијата може да членува секој, кој ја исполнува законската норма зачленување во организација, а кој ги прифаќа целите и задачите на Аспцијацијата.
Член   на  Асоцијацијата  може  да  биде  лице  кое  е  државјанин   на  РепубликаМакедонија.
Член на Асоцијацијата е секој лекар со потпишана пристапница, со положен државен испит и најдоцна до 10 години од положен државен испит или 5 години од положен специјалистички испит.
Членството во Асоцијацијата е слободно и доброволно

.

Член 10

Основни принципи на работа на Асоцијацијата се:
Се почитува автономијата и самостојноста на секој член на Асоцијацијата;
Сите членови на Асоцијацијата се рамноправни и еднакви во остварувањето направата и обврските;

Еднаквост во слободата, правата и обврските на секој член без разлика на полот,расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото иверското уверение, имотната и општествената состојба.

Член 11

Членството во Асоцијацијата престанува по сопствено барање или со исклучувањепоради непридржување кон одредбите на Статутот.
За исклучување одлучува Собранието по предлог на Извршен одбор

Член 12

Правата и обврските на членовите на Асоцијацијата се:

  • Да раководат со работата на Асоцијацијата, да ги избираат органите и телата
    на Асоцијацијата и да вршат надзор над нивната работа;
  • Да покренуваат иницијативи, предлози заради остварување на целите и
    задачите на Асоцијацијата;
  • Да се придржуваат од овој  Статут и актите на органите и телата на
    Асоцијацијата;
  • Да вршат други работи кои се во соглрасност со Статутот на Асоцијацијата и
    важечките законски норми во Република Македонија.

Член 13

Одговорноста   на   членовите   на   Асоцијацијата   се   утврдува   врз   основа   на превземените обврски и надлежности во согласност со овој Статут.

ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ОРГАНИЗИРАЊЕ

Член14

Работата на Собранието се уредува со унифициран Деловник за работа кој е во согласност со овој Статут.

Активностите на Собранието мора да се во согласност со овој Статут и законските норми во Република Македонија

ОРГАНИ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА И НИВНИТЕ ПРАВА, ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ

Член 15

Органи на Асоцијацијата се:

  • Собрание
  • Извршен одбор
  • Претседател

СОБРАНИЕ

Член 16

Собранието е највисок орган на одлучување во Асоцијацијата. Организацијата и работата на Собранието се уредува со Деловник за работа на Собранието и овој Статут.

Член18

Собранието на Асоцијацијата го сочинуваат:

  • Извршниот одбор на Асоцијацијата
  • Делегати кои се избираат од членството согласно Правилникот за избор на делегати

Член 19

Собранието работи на Пленарни седници, најмалку еднаш во годината. Седниците на Собранието ги свикува Претседателот на Асоцијацијата по сопствена иницијатива или по барање на Извршниот одбор на Асоцијацијата, 1/5 од вкупниот број на делегати во Собранието на Асоцијацијата.

Член 20

Собранието може полноважно да работи и одлучува доколку на Седницата присуствуваат повеќе од половина на вкупниот број на делегати. Собранието донесува одлуки со мнозинство гласови од присутните делегати, доколку не е поинаку предвидено со овој Статут.

За работата на Собранието се води записник што го потпишуваат Претседавачот на седницата и двајца заверувачи на записникот.

Член 21

Собранието на Асоцијацијата ги има следниве права, должности и одговорности:

  • Донесува Статут и Програма на Асоцијацијата;
  • Врши измени и дополнувања на Статутот и Програмата;
  • Утврдува насоки за работа на Асоцијацијата;
  • Донесува и други акти утврдени со овој Статут;

  • Ги усвојува периодичните и годишните извештаи за работа на органите и
    телата на Асоцијацијата;
  • Одлучува за промена на целта на здружувањето;

  • Избира Претседател на Асоцијацијата;
  • Избира членови на Извршниот одбор на
    Асоцијацијата по предлог на Претседателот;
  • Формира работни тела на Асоцијацијата;
  • Донесува Деловник за својата работа и Деловник за работа на органите
    на Асоцијацијата;

  • Одлучува за промена на името на Асоцијацијата;
  • Одлучува за престанок со работа на Асоцијацијата со 2/3 мнозинство;

  • Одлучува за основање и укинување на ограноци и други облици на
    организирање на Асоцијацијата;
  • Одлучува за здружување или разделување од друго здружение и за
    зачленување во сојуз и меѓународни организации;
  • Врши и други работи што произлегуваат од програмските определби или се
    утврдени со закон, со други прописи или овој Статут;

Член 22

Правата, должностите и одговорностите на Собранието во итни случаеви ги врши Извршниот одбор на Асоцијацијата, при што има обврска на првата наредна седница на Собранието да поднесе извештај за превземените активности.

ИЗВРШЕН ОДБОР

Член23

Извршниот одбор е извршен орган на Асоцијацијата. Извршниот одбор брои 11 членови, со мандат од 1 година. Членови на Извршниот одбор се: претседателот и избраните членови.

Член 24

Седниците на Извршниот одбор ги свикува и со нив раководи Претседателот на Асоцијацијата, седниците на Извршниот одбор се свикуваат по предлог на:

  • Претседателот на Асоцијацијата
  • Најмалку 1/3 од неговите членови.

Член25

Извршниот одбор полноважно може да работи и одлучува доколку на седницата присуствуваат повеќе од половината од вкупниот број на членови. 
Извршниот одбор своите одлуки ги донесува со јавно гласање, со мнозинство од присутните членови, доколку со овој Статут не е предвидено поинаку.
За работата на Извршниот одбор се води Записник кој се усвојува на нареднатаседница, го потпишуваат Претседателот на Асоцијацијата и записничарот.

Член 26

Извршниот одбор ги има следните права, должности и одговорности:

  • Ги подготвува седниците на собранието на Асоцијацијата;
  • Го подготвува нацртот на статутот и другите одлуки што треба да ги донесе
          Собранието;
  • Му предлага ставови и заклучоци на Собранието;
  • Ги гради и реализира ставовите на Асоцијацијата;
  • Ги реализира ставовите и заклучоците на Собранието;
  • Може да формира стручна служба и да врши контрола врз нејзината работа;
  • Управува и одговара за управувањето со имотот на Асоцијацијата;
  • Подготвува годишен или периодичен извештај за својата работа;
  • Именува потписници на жиросметката на Асоцијацијата; 
  • Извршува и други работи што ќе му ги довери Собранието на Асоцијацијата што произлегуваат од овој Статут.

Член27

За својата работа Извршниот одбор одговара пред Собранието на Асоцијацијата. Собранието на Асоцијацијата може да го отповика Извршниот одбор или одделен негов член.

Предлогот за отповикување на Извршниот одбор или одделен негов член може да поднесе орган на Асоцијацијата или најмалку 1/3 од делегатите на Собранието на Асоцијацијата.

Предлогот за отповикување мора да биде во писмена форма.

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА

Член29

  • Кандидат за Претседател на Асоцијацијата може да предложат најмалку
    двајца членови на Собранието на Асоцијацијата или на предлог на Извршниот одбор.
  • За избран се смета оној кандидат кој добил мнозинство гласови од вкупниот
    број делегати на Собранието.
  • Мандатот на   Претседателот на Асоцијацијата трае 1 година , со право на
    2 реизбори.

Член 30

Претседателот   на   Асоцијацијата   ги    има   следните    права,    должности   и одговорности:

  • Свикува седници на Собранието и Извршниот одбор;
  • Ја спроведува политиката на Асоцијацијата;
  • Го претставува и застапува на Асоцијацијата;
  • Го координира функционирањето на Асоцијацијата;
  • Се грижи за спроведувањето на одлуките, заклучоците и другите акти на
    Асоцијацијата;
  • Ги потпишува актите на Асоцијацијата;
  • Предлага програма за развој на Асоцијацијата;
  • Предлага начин и форми на финансирањс на Асоцијацијата;
  • Предлага кандидати за членови на Извршниот одбор;
  • Врши други работи што ќе му ги довери Собранието, Извршниот одбор или
    произлегуваат од Статутот.

Член 31

Функцијата Претседател на Асоцијацијата престанува:

  • По сопствено барање: и
  • Со разрешување од Собранието на Асоцијацијата;

За одговорноста на Претседателот на Асоцијацијата одлучува Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број делегати, на предлог на најмалку 1/3 од вкупниот број делегати.

КОНТРОЛА ВРЗ РАБОТАТА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА

Член40

Контролата врз работата на Асоцијацијата ја вршат нејзините органи и членови на начин утврден со овој Статут.
Контролата над законитостите на работењето на Асоцијацијата, во согласност со законите вршат надлежните органи служби на Република Македонија.

Член 41

Членовите на Асоцијацијата имаат право на контрола врз работењето на Асоцијацијата преку Собранието.

ПРЕТСТАВУВАЊЕ И ЗАСТАПУВАЊЕ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА

Член 42

Асоцијацијата го претставува Претседателот. По негово овластување или во случај на спреченост Асоцијацијата го претставува Член на Извршниот одбор.

 СРЕДСТВА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА, НАЧИН НА СТЕКНУВАЊЕИ РАСПОЛАГАЊЕ

Член 43

За остварување на своите цели и задачи, Асоцијацијата стекнува средства, и со нив располага во согласност со овој Статут и Закон.

Член 44

Асоцијацијата стекнува парични средства, предмети и материјални добра што се обезбедуваат од:

  • Субвенции;
  • Доброволни прилози;
  • приходи;
  • донации;
  • подароци;
  • членарина;

Член 45

Стекнувањето, користењето и располагањето со средствата на Асоцијацијата се врши на начин утврден со општи прописи, со Законот и со овој Статут.

Член 46

Средствата на Асоцијацијата можат да се користат само за намени утврдени со финансискиот план и врз основа на соодветен документ.

Наредбодавач за извршување на финансискиот план, а во согласност со Законот, го утврдува Извршниот одбор на Асоцијацијата

ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ЈАВНОСТА ЗА РАБОТАТА НААСОЦИЈАЦИЈАТА

Член 47 

Асоцијацијата обезбедува известување на јавноста преку:

  • Обезбедување на непречено присуство на нејзините членови на седниците
    на органите и телата на Асоцијацијата;
  • Достапност   на   извештаите   и   другите   материјали   до   членовите   и
    заинтересираните лица;.

ПРЕСТАНУВАЊЕ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА СО РАБОТА И РАСПОЛАГАЊЕ НА НЕЈЗИНИОТ ИМОТ ВО СЛУЧАЈ НАПРЕСТАНОК

Член 48

Асоцијацијата може да престане со работа доколку:

  • За тоа со 2/3 мнозинство, одлучи Собранието на Асоцијацијата ;
  • бројот на своите членови се намали под бројот определен со Законот;

  • Настапи било која од причините утврдени со Закон, за престанок со работа
    на Асоцијацијата.
  • Во случај на престанок со работа на Асоцијацијата имотот и средствата
    остануваат во сопственост на нагласен правен наследник или доколку не е нагласен правен наследник на Црвениот Крст и Полумесечина.

ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА СТАТУТОТ НААСОЦИЈАЦИЈАТА

Член 49

Иницијативата за измени и дополнувања на Статутот на Асоцијацијата може да поднесе секој орган или работно тело на Асоцијацијата.

Член 50

Иницијативата за измени и дополнувања на Статутот се поднесува во писмена форма до Собранието.
Одлука за измени и дополнувања на Статутот се носи со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број делегати на Собранието на Асоцијацијата.

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 51

Прашањата кои не се регулирани со овој  Статут се регулираат со акти на Собранието.

Член 52

Толкувања на одредбите на овој Статут дава Собранието, а помеѓу две седници на Собранието Извршниот одбор.

Член 53

Овој Статут влегува на сила на денот на донесување.

ПРЕТСЕДАТЕЛ Скопје,08.10.14год.         Д-р Ненад Лазаров

Scroll to Top