Јануари, 2015год.

РЕЗИМЕ

Предлог-проектот „Водич за млади лекари“ произлегува од потребата на лекарите да познаваат низа  правно-административни процедури како и огромна палета на фабрички брендови на генерички лекови и ОТЦ препарати, особено при работа во ординација за кои ново-дипломираните доктори безмалку и немаат никакви познавања, ниту имале можност истите претходно да ги научат. 

Цел на проектот

Да подготви, објави и дистрибуира практичен, концизен и лесно достапен прирачник/водич за лекари кој ќе содржи  објаснување за прописите и процедурите неопходни за работа во нашиот здравствен систем, како од административно-правен така и од медицинско-фармаколошки аспект.

Образложение

Младите дипломирани доктори по медицина кои по завршувањето на студиите и полагањето на државниот испит започнуваат со работа во ординација се соочуваат со сериозни предизвици во своето работење.  За да функционира соодветно и непречено во ординацијата, младиот лекар мора да простудира обемна и гломазна материја која ја има многу малку или воопшто апсолвирано за време на студиите по медицина:

  • Законски решенија кои го регулираат здравствениот систем (Закон за здравствена заштита, Закон за здравствено осигурување,докторска дејност и сл.) како и сите закони кои тангираат социјални прашања во домен на медицина, 
  • Договор со ФЗО како и сите одредби кои произлегуваат од него
  • Актуелни протоколи и препораки за лекување од општа пракса
  • Огромен број на фабрички брендовите на генеричките лекови кои се достапни на пазарот
  • Огромна палета на OTC препарати кои воопшто не сме запознавани за време на медицинските студии 

Поради непознавањето на овие правни прописи и низа административни практики поврзани за нашиот здравствен систем, како и недоволната запознаеност од аспект на лекови достапни за пациентите, младите лекари се оставени сами на себе или на волјата на постарите и поискусни колеги да се доедуцираат, а последиците од непознавањето на прописите често се и непредвидени законски казни. 

Ваквите предизивици би можело многу лесно да се надминат доколку постои практичен прирачник со конкретни насоки и укажување кои им биле достапни на младите лекари, дополнети со кондензирани корисни медицински информации. 

Соочени и самите секојдневно со ваквите проблеми и свесни за потребата на ваков водич „Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари“ предлага да се изработи прирачник – „Водич за млади лекари“. 

Прирачникот ќе има за цел да ја олесни и забрза интеграцијата на младите лекари  при работа во ординација (или отпочнување на сопствена) и да ја зголеми ефикасноста и ефективноста во нивното работење. 

Предлог-проектот  е резултат на непостоење на ниту едно слично издание досега за млади лекари на почетокот на својата кариера, но и непостоење на можност за едуцирање за правната рамка и пракса во рамки на курикулумот на Медицински Факултет Скопје. Поради тоа, без дополнително оптоварување на и така обемниот курикулум, практичниот Водич за млади лекари би бил доволна и корисна алатка за младите лекари да се информираат за потребните правно-административни прописи и практики во работењето како и поврзани корисни медицински информации.

Спроведување

За подготовка на прирачникот Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ) ќе објави оглас за кандидати за формирање на редакциски одбор. Кандидатите ќе може да се пријават на огласот со поднесување на свое резиме/биографија во рок од 15 дена. 

Селекција на членовите редакцискиот одбор ќе биде направена според стручноста и искуството на пријавените кандидати а за истата ќе биде одговорен  управниот одбор на  АМСЛ. 

По формирањето, редакцискиот одбор ќе премине кон изготвување на содржината на водичот. По негово лекторирање и подготовка на дизајн Водичот ќе биде објавен во формат на печатено џебно издание т.н. handbook, со димензија која ќе дозволува лекарот да го носи во џебот од својот мантил (А5).

Но исто така,  освен во печатена верзија би била изработена и во едноставна за користење апликација за телефон. 

Постоењето на ваква алатка би овозможило брзо и лесно користење од страна на корисниците – младите лекари, но и навремено ажурирање и  известување за новитети поврзани со праксата.

СОДРЖИНА НА “ВОДИЧ ЗА МЛАДИ ЛЕКАРИ”

1.СЕГМЕНТ СО АДМИНИСТРАТИВНО ПРАВНА РЕГУЛАТИВА

Поединости битни за секојдневното практицирање како екстракти од Закон за здравствена заштита, Закон за здравствено осигурување, Закон за докторска дејност како и сите актуелни правилници за остварување на права со кои еден лекар секојдневно се среќава.

2.ФАРМАКОЛОШКИ СЕГМЕНТ

Колекција од скратени извештаи за сите лекови кои секојдневно се употребуваат, единствено класифицирани по азбучен ред на генериката, на крај на секое упатство – листа на достапни препарати на пазарот.

Согласно проектот, предвидено е инкорпорирање на:

  • 100 најчесто употребувани лекови согласно информација од ФЗО.
  • 30 најпродавани ОТЦ препарати (по состав)

3.НАЈЧЕСТИ ИНТЕРВЕНЦИИ И АМБУЛАНТСКИ МАНИПУЛАЦИИ

Сликовити упатства за преврски, и.в, и.м апликација, пласирање уринарни катетери, примарна обработка на рани како и КПО

4.СЕГМЕНТ КЛИНИЧКИ АНАТОМСКИ АТЛАС

скратена верзија, еден вид потсетник на карактеристични анатомски структури, практично корисни информации корисни во секојдневната пракса

5.ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ

Овој сегмент вклучува најчесто користени методи и референтни вредности

6.СЕГМЕНТ СО СОВЕТИ ЗА СЕКОЈДНЕВНА ПРИМЕНА ОД ЕМИНЕНТНИ ЛЕКАРИ

Букмаркови кои ќе ги обезбедиме во соработка со Катедрите на МФ Скопје. Предвидената форма би опфатила корисни имплементабилни совети од страна на искусни клиничари т.н. “pearls”

7.СЕГМЕНТ СО СКРАТЕНА МКБ10 КЛАСИФИКАЦИЈА

Предвидената форма би опфатила корисни имплементабилни совети од страна на искусни клиничари т.н. “pearls” Екстракт од најчесто употребуваните  МКБ10 кодови од секојдневната пракса, по информација добиена од ФЗО и МЗ

ДИЗАЈН

Замислата на дизајнот е таква да дозволува брзо наоѓање на бараната информација. 

Форматот е замислен како џебно издание, димензија А5,која ќе дозволува младиот лекар истото да го има секогаш во своја близина и при рака, во џебот од својата работна униформа. Водичот ќе има 350 до 400 страни материјал.

ДИСТРИБУЦИЈА

Изданието ќе се отпечати во иницијален тираж од 1000 примероци кои преку мрежата на активисти на АСМЛ, ќе бидат дистрибуирани до колегите бесплатно. 

АНДРОИД И iOS АПЛИКАЦИЈА

Во следна фаза на проектот предвидуваме изготвување на електронска верзија на изданието во форма на апликација која младите лекари ќе можат бесплатно да ја превземаат и користат.

РЕДАКЦИСКИ ОДБОР

  • 4 Професори од Медицински Факултет 

2 професори на пред-клинички –  институти од кои минимум еден од Катедрата за Фармакологија

Шеф на катедра по интерна медицина и Шеф на катедра по Хирургија

  • Професор од Фармацевтски Факултет
  • Консултант на редакциски одбор од ЛКМ, ФЗО, МЗ и Биро за лекови
  • Консултанти делегирани од фармацевтски куќи кои ќе се вклучат во реализацијата на изданието
  • 12 член Редакциски одбор составен од млади лекари кои работат како избрани лекари
  • 4 член ИТ тим кој ќе работи на техничките прашања како и на развивање на андроид и iOS апликација

ВРЕМЕНСКИ РОКОВИ

ФАЗА 1 – Организирање и формирање на редакциски одбор,по оглас на АСМЛ

  • 1 месец од објавување на огласот

ФАЗА 2 – Подготовка на содржината на изданието

  • 2 месеци по формирање на Редакцискиот одбор

ФАЗА 3 – Лекторирање и печатење

  • 1 месец 

ФАЗА 4 – Android/iOS/Web апликација

  • 2 месеци од објавување на печатеното издание

ФАЗА 5 – Дистрибуција

  • 1 месец 

ФИНАНСИСКАКОНСТРУКЦИЈА

Ред. бројАктивност која се финансираКоличинаИзнос на потребни средства

1.
Хонорари за членови на редакциски одбор – патни и дневни трошоци12120.000
2.Хонорари за стручни консултанти5  60.000
3.Дизајн на печатеното издание/  18.000
4.Печатење на иницијален тираж1000120.000
5.Android/iOS апликација/Web/ IT тим/160.000
6.Oдржување на апликација-web – 2години  18,000
6.Материјални трошоци/  10.000
7.Трошоци за промоција на проектот  20.000
8.Непредвидени трошоци  10.000
ВКУПНО536.000

СПОНЗОРСКИ ПАКЕТИ  

  1. ОСНОВЕН ПАКЕТ – 200 евра
  • Вклученост на Вашите препарати во фармацевтскиот сегмент- БЕЗ ОТЦ
  1. СРЕДЕН ПАКЕТ – 300 евра
  •  Вклученост на Вашите препарати во фармацевтскиот сегмент, СО ОТЦ 
  1. ЦЕЛОСЕН ПАКЕТ – 500 евра
  • Целосна вклученост на Вашите препарати во фармацевтскиот сегмент
  • Целосна присутност во содржините на Android/iOS/Web апликација
  • 1 страна за маркетинг на вашите производи,колор,содржина по Ваш избор

***КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО Е 15.03.2015 ГОД.

КОНТАКТ

Д-р Ненад Лазаров, проект координатор, email: president@asml.mk, тел. 076 377 877

Д-р Оливера Алексоска, email: olivera.aleksoska@asml.mk, тел. 076 363 773

Д-р Александар Каревски, email: secgen@asml.mk, тел. 075 455 064

Асоцијација на специјализанти и млади лекари АСМЛ Скопје

Адреса: Ул. Бојмија бр.4/27 Скопје, 

www.asml.mk

Ж-ска: 320100024402679 

Депонент на: Централна Кооперативна Банка

Scroll to Top