Освен долунаведените предлог промени во измените на законот треба да се вметне и нов член (глава) за Работната специјализација за кој дополнително ви испраќаме документација. 

Дополнително, како дел од со министерот Тодоров договорените промени, треба да се испрати известување до сите клиники за обезбедување на соодветни услови за специјализантите (просторија и гардероба) 

  1. Член 12 при распределбата на средствата да се вметне за намалувањето од 20 %
  2. Член 144-б став 1 – Комисијата да се формира на предлог на Медицински Факултет од три доктори кои се од специјалноста која се полага или сродна област
  3. Член 144-б – Снимањето и емитувањето на испитите и колоквиумите да биде достапно само за медицинската јавност.
  4. Член 144-в – Времето кое специјализантот треба да го помине на клиниката да се промени во минимум 8 часа и соодветно на тоа саатниците подолу да се променат од 40/64 часа
  5. Член 144-в Да се нотира дека после 24 часовно дежурство следи слободен ден за специјализантот
  6. Член 144 в Да се изедначат казните помеѓу вработените и приватните специјализанти и да се додаде опомена за прв прекршок.
  7. 144 д Бројот на часови да се намали за специјализациите од 4 или 2 години
  8. Член 144ѓ Три часа и два часа неделно да се заменат со 180 т.е. 120 миниту неделно соодветно. За првиот јазик да биде одговорен Факултетот, за вториот Министерството и да се нотира дека доколку специјализантот ги приложи потребните сертификати да биде ослободен од изучување
  9. Член 144 з Да се вметне дека Центарот за симулации ќе работи 2 смени за специјализантите кои сакаат да вежбаат
  10. Член 144 з Испитот да се изведува од барем двајца специјалисти од областа
  11. Член 144 – к Постариот специјализант да може да ја врши својата визита со уште максимум двајца постари специјализанти за да се избегне пациентот да е подложен на 10 прегледи дневно
  12. Да се избрише член 145 и да нема пред специјалистички колоквиум.
  13. Член 145 а На специјалистичкиот испит да се изврши само 1 хириршка интервенција поради тоа што 3 интервенции за испит е непотребно и неизводливо.
    1. Да се нагласи дека испитот не е положен ако зададеното време се пречекори од не подготвеност на кандидатот а не од оправдани причини
  1. Член 145 в Задолжителната обука од 3 месеци да биде на товар на Министерството за сите специјализанти и да има опција да се обавува во целата втора половина на специјализацијата.
  2. Член 151 аДа се нотира дека промените се за специјализантите запишани по донесувањето на промените за да се избегне 3 системи на специјализација во еден момент.

Скопје, 12.11.2014год. Асоцијација на специјализанти и млади лекари

Претседател 

              Д-р Ненад Лазаров

Scroll to Top