Доставено до Министерство за здравство на 12.11.2014

РАБОТНИ СПЕЦИЈАЛИЗАЦИИ

Терминот ја претставува законската промена со кој се овозможува специјализантите за време на специјализацијата, вон задолжителните 8ч часа дневно присуство на едукација, да можат без никакви ограничувања да работат и заработуваат  како матични лекари и. е. во примарно здравство и да бидат предмет на избор на пациентите. 

Бенефитите се следни:

  1. Зголемен број млади лекари во примарно здравство, каде моменталната средна возраст е над 55 години,  минимиму 50 колеги веднаш ќе започнат со работа 
  2. Зајакнување на дежурните служби, итната медицинска помош,  дополнително зголемување на бројот на рурални лекари и со тоа и намалување на оптовареноста на болниците и секундарното здравство
  3. Повеќе ординации кои ќе работат во текот на целиот ден, втора смена
  4. За младите лекари можност да заработат додека специјализираат приватно, со што всушност се придонесува за континуирано практицирање медицина, што е од огромно едукативно значење. Дополнително, секој специјализант располага со соодветно продлабочени медицински познавања во специјалноста. 
  5. Вработување на аналоген број на медицински сестри за да се оформат тимови лекар-сестра потребни за работа во општа ординација и сл. 

КОРЕЛАЦИИ ПО ОДНОС НА ФЗО

Законот треба да наложи на ФЗО промена т. е.анексирање на договорите со лекарите кои се упатени на приватна специјализација со што ќе бидат изедначени со матичните кои не се на доедукација по сите права како и обврски. Повеќето колеги кои ќе работат,најчесто ќе работат во втора смена со што директно ќе зголеми бројот на ординации кои ќе бидат отворени за пациентите во втора смена, каде во моментов има дефицит. 

Ова бара промена т. е едноставно бришење на 

  • Став 17 од Член 4 од Договорот кој ФЗО го потпишуваат матичните лекари, кој гласи:

”На избраниот лекар за време на специјализација му се издава времен факсимил кој е со ист број како и факсимилот на новопримениот лекар кој е определен за негова замена, со таа разлика што факсимилот на лекарот кој е на специјализација има ознака “С” ”  

  • Став 19, 20 и 21 од Член 4 кои гласат:

”Осигурените лица кои го избрале лекарот што заминува на специјализација ги презема еден од избраните лекари во истата здравствена установа.

Избраниот лекар по завршување на специјализацијата е должен во рок од 5 дена да го врати факсимилот со ознака “С” во Фондот. Избраниот лекар за време на специјализацијата не подлежи на избор. ”

  • Во член 5 од Дооворот да се дополни и промени во насока да договорните обврски бидат исти како и за лекари кои специјализираат семејнс медицина

Еден лекар е специјализант во тие минимум 8 часа додека е на едукација, што не треба да претставува никаква пречка тој вон едукацијата да работи во примарното здравство.Неопходно е да постои можност за два паралелно активни факсимили, еден за општа медицина и вториот времен додека трае специјализацијата.Останува клаузула со која во таа ординација секако мора да има уште минимум еден тим.

КОРЕЛАЦИИ ПО ОДНОС НА ЛКM 

Во моментов постои законската одредба лекарот да има активна само една лиценца во даден момент, инплементацијата на нашиот предлог проект побарува прилагодување на постојната регулатива

Скопје, 12.11.2014год. Асоцијација на специјализанти и млади лекари

Претседател 

              Д-р Ненад Лазаров

Scroll to Top