Скопје, 20.11.2014год.

АНГЛИЈА

Примарната здравствена заштита е најмногу достапна преку работата на матични лекари (General Practitioners).Во 2012 биле регистрирани вкупно 40,265 лекари во 8088 ординации, со просек од 6891 пациент по ординација, односно 1562 по лекар.Бројот на самостојни ординации во моментот е 1480 додека 3525 ординации имаат пет или повеќе лекари.Во принцип, на пациентите им е дозволено да го одберат својот матичен лекар, најчесто врз база на местото на живеење, но овој избор е често лимитиран заради веќе  големиот број на пациенти кај еден лекар, па ординациите не примаат нови пациенти.Но преку NHS ( National Health System) има организирано така наречени walk-in  центри кои пружаат услуги на примарно ниво, и за кои не е потребно регистрирање од страна на пациентите.

Најголемиот дел од лекарите се приватни договарачи, кои што се платени на база на мешовит модел од капитација,и  договорни плаќања (бонуси) за пружање на специфични услиги, и бонуси врзани за учинок најчесто поврзани за грижата за пациенти со хронични болести.Овие бонуси изнесуваат околу една четвртина од вкупниот приход на лекарот.Голем дел од ординациите вработуваат здравствени работници од друг профил како медицински сестри, кои се задолжени за услуги како мерење крвен притисок, згрижување на помали рани и слично.Приватните даватели на услуги сами ги одредуваат цените за плаќање по услуга.Имаат улога на чувари за влез во секундарно здравствено ниво (gatekeepers).

Матичните лекари не се должни да ги згрижуваат пациентите после работното време, но мораат да обезбедат нивна 24 часовна покриеност. Најчесто склучуваат договори со приватни здравствени компании, кај кои лекарот се плаќа по преглед.Исто така преку NHS од 2013 година навака, има 24 часовна телефонска подршка за сите не ургентни состојби.Ургентните состојби биваат згрижени од страна на службите за ИМП.

Помлади доктори во нивната прва година на постдипломски тренинг заработуваат основна плата од околу 22.636 £ . Основната плата се зголемува до 28.076 £ . Тие исто така добиваат додаток или покачување според сработеното. Ова се базира на интензитетот на работа и бројот на часови поминати на работа во износ поголем од 40 часа неделно и / или работа надвор од часовите 07:00-19:00 , од понеделник – петок.

Лекар во специјалистичката обука има основна почетна плата од £ 30,002 .

Лекарите во специјалистичка  обука се плаќаат екстра ако тие работат повеќе од 40 часа или работат надвор од часовите 07:00-19:00 , од понеделник до петок. Ова е обично помеѓу 20% и 50% од основната плата.

Лекари вработени директно од примарната здравствена заштита доверба ( PCT) заработуваат помеѓу 54.319 £ и £ 81,969 .

Добивката на лекарите кои се самовработени и имаат NHS договори варира во зависност од услугите кои ги обезбедуваат и како тие кои избираат да ги обезбедат.

Лекарите , исто така, обавуваат домашни посети кога пациентите не се во можност да дојдат до нив.Некои GPS работат “надвор од работните часови ” ( на повик ) и за време на викендите и / или државните празници.

Поголемиот дел од лекарите се независни ,па европската директива за работни часови, која се практикува во Англија, може да биде занемарена, особено кога станува збор за помлади лекари. Од друга страна пак, можна е и работа со скратено работно време во зависност од услугите кои ординацијата ги пружа.

ФРАНЦИЈА 

Поголемиот дел од лекарите во државата се самовработени околу 59 %,во однос 68% лекари на примарно ниво GP’s, и 51 процент од специјалистите.Единечната-соло пракса и од страна на матичните лекари, и на специјалистите е предоминанта во Франција.

Во 2004 година со финанските реформи на здравствениот систем е воведено добролен “gate keeping”  систем за возрасни ( над 16 години).Иако пациентите не се законски обврзани да се регистрираат односно да одберат матичен лекар, имаат големи финансиски мотиви да го направат тоа,како што се високите доплати за преглед и препишување на лекови.Од 85 проценти од населението кои имаат одбрано свој матичен лекар, преку 90 проценти имаат избрано GP,  иако и специјалистите можат да бидат одбрани како матичен лекар.Матичните лекари се организирани на ниво на ординации, самовработени и платени по услуга.Цената на основниот преглед е некаде околу 23 евра , и кај матичен лекар и кај специјалист.

Во 2012 година, новоизбраната социјалистичка влада направи залог за да се намали прекумерната екстра-наплата. договор

беше потпишан во октомври 2012 година: на лекарите кои се регистрираат се согласуваат да ги ограничат своите екстра-наплати на 70 евра. Во замена

за намалување на премиите за социјално осигурување и високи такси за административни процедури. До мај 2013 година, помалку од 3.000 од вкупно 25.000 лекари се согласиле на договорот.

Во април 2009 државното здравствено осигурување има воведено серија на индивидуални договори со матичните ординации, што вклучуваат механизам на плаќање по учинок, како додаток на основниот договор, лекарите можат да заработат и дополнителни до 5000 евра годишно за остварување на зададени цели во грижата за пациенти со астма, дијабет, хипертензија, исто и имунизација и скрининг за рак на дојка.Овие договори исто така го менаџираат и препишувањето на лекови по генерика, особено за КВЗ.Но, за период од три години само 30 проценти од лекарите го потпишале овој договор, во 2012 е додадено плаќање на сите лекари по 40 евра годишно по пациент, за менаџирање на хроничните болести.За згрижување на пациентите после работното време се задолжени службите за ИМП,и приватните болници.И од скоро посебно формирани јавни здравствени установи за таа намена (maisons de garde).

Платата на еден лекар од примарното ниво се движи во рамката од 5500 до 10000 евра.

ГЕРМАНИЈА

Општите лекари и специјалистите кои работат во амбуланти, и примаат надоместок од државниот завод за осигурување се здружени во регионални асоцијации кои преговараат, и потпишуваат договори со осигурителните компании.Овие регионални асоцијации се одговорни за координирање на здравствените услуги во регионот, и се медијатори помеѓу лекарите кои работат во амбуланти, и здравствените фондови.

Лекарите, во најголем број ( 60%), работат во сопствени приватни амбуланти, а околу 25 проценти заедно со друг лекар.Во 2012 имало вкупно 141038 лекари кои потпишале договор со националното здравствено осигурување, од кои 49 проценти општи лекари, и 51 проценти специјалисти.Од 2004 е воведена и амбулантска нега од страна на специјалисти кои работат во болници.Таа вклучува третман на прогресивни форми на некои болести, третман на ретки болести, и високо специјализирани процедури.Пациентите имаат право на слободен избор помеѓу општ лекар и специјалист, но регистрирањето не е задолжително.Затоа осигурителните компании нудат повеќе модели на осигурување.Еден дел одбираат свој матичен лекар, додека друг дел се претплаќаат на Barmer Ersatzkasse моделот, кој има полиса за ослободување од доплата за лекови.

Лекарите кои имаат потпишан договор, се плаќаат по услуга, на база на унифициран ценовник договорен помеѓу лекарите и осигурителните компании.Со овој договор е одпределен максималниот број на пациенти по ординација и надоместоците по пациент, со што е направена рамка на бројот на пациенти и третмани по пациент за кои лекарот ке добие надоместок.

Матичните лекари добиваат и бонуси за пациентите вклучени во Програмата за менаџирање на болести,за кои осигурителните компании му исплаќаат на лекарот годишен паушал.

Регионалните асоцијации понудуваат модел на плаќање ( Gesundes Kinzigtal)  за плаќање на четири нивоа –  1) основица преку националното осигурување  2) плаќање по услуга 3) надоместок базиран на учинок 4) дистрибуција на вкупниот профит за мрежата на провајдери на здравстевна услуга

Згрижувањето на пациентите после работното време е различно регулирано во различни региони, но генерално тоа е под надлежност на регионалните асоцијации кои ја организираат, а во некој региони , на пример Берлин, пациентите ги згрижуваат болниците .Платите на примарно ниво , се движат од 4000-6000 евра месечно.

ХОЛАНДИЈА

Општиот лекар е централна фигура во примарната здравствена заштита.Болничката нега, и специјалистички преглед се достапни исклучиво преку препорака од општиот лекар.Само 4% од прегледите кај општ лекар, продолжуваат на секундарно ниво.Сите граѓани имаат избрано матичен лекар, најчесто во близина на местото на живеење.Во просек го посетуваат својот лекар 5 пати годишно.Лекарот има просечно 2350 пациенти.Во 2012 имало вкупно 8831 општ лекар кои работеле здружено во групи од три до седум лекари, 37,9 лекари здружени по двајца, и 25,7 проценти самостојно.Најголемиот дел од лекарите се независни даватели на услуги или работат партнерски.Само мал дел 11% се вработени од страна на друг лекар.

Со реформите од 2006, надокнадата за лекарот е комбинација на системот за плаќање од пред тоа кој вклучува капитација за регистриран пациент сосоцијално здравствено осигурување, плаќање по услуга за приватно осигурување. Како резултат, сега ги содржи следните компоненти 

  • Капитација за регистриран пациент
  • Надоместок за консултација, вклучително и консултација преку телефон
  • Надоместок за консултација со медицинска сестра, вклучувајќи и преку телефон
  • Надоместок по услуга за активности кои ја зголемуваат ефикасноста ( пружање на услуги достапни на секундарно ниво)
  • Компензација, најчесто за пружање нега после работното време

Исто така, има пакети на исплата, за хронични болести (дијабетес, менаџмент на кардиоваскуларен ризик, ХОББ ), и во поново време се прават на пори за вклучување на хронична срцева слабост и депресија.Многу од лекарите вработуваат и медицинска сестра, и го обезбедуваат надоместокот за неа.

Секоја ординација може да преговара со осигурителните компании за дополнителен буџет за доплнителни услуги од секаков вид, дополнителен медицински кадар, дури и врз база на локација на ординацијата ( на пример социјално загрозен регион).

Згрижувањето на пациентите после работното време го вршат истотака општи лекари, но во општинските болници во периодот помегу 17 часот и 8 часот наредниот ден.Исто така работат и служби за итна медицинска помош и траума центри, чија што услуга спаѓа во здравственото осигурување.

Во поглед на платата, општите лекари вработени во државното здравство зимаат плата од 96 000 евра годишно, додека самовработените лекари, односно приватните помеѓу 3500 и 5500 бруто плата по месец.

СРБИЈА

Примарното ниво на здравствена заштита во Република Србија е предвидено во 157 државни здравствени центри, кои ги покриваат територијата на една или повеќе општини или градови, со развиена мрежа на амбуланти 

ПЗЗ се базира  на избраниот лекар, а екипата на избрани лекари, кој се состои од лекари по општа медицина и  специјалисти за  професионални заболувања кај возрасната популација, педијатар за деца од предучилишна и училишна возраст (вклучувајќи антенаталната грижа, имунизации, превентивни програми во здравствена заштита на деца), гинеколози за жени над 15 години и стоматолози. Покрај тоа постојат служби за итни случаи, дијагностички услуги, одредени специјалистичко-консултативни услуги.

Од околу 20.000 лекари (јавни) во Србија, 18% работат во примарната здравствена заштита. По лекар во ПЗЗ има 1112 жители. 

Вкупно посети по лекар во ПЗЗ се 5876 (варира од сервис на услугата).

Плаќањето е по капитационен модел.

ХРВАТСКА

Примарното здравство е организирано преку семејна медицина, односно избран лекар.Примарната здравствена заштита е првиот дел од здравствениот систем во кој се спроведува приватизација , рационализација и намалување на трошоците и контрола на извршувањето на договорнитеобврски. Лекарите станаа”Физички лица”, односно поединечни изведувачи во договор со HZZO,кои работатво изнајмени простории во здравствените домови

Во 2008 година,  имало вкупно 2350 лекари кои потпишале договор со заводот за осигуруванње за пружање дејности од областа семејна медицина.

Во склоп на здравствените домови сеуште функционираат општи амбуланти и дежурни служби, а во поголемите градови има и организирани служби за ИМП.

Најзначајна од сите реформи спроведени во примарното здравство, е реформата на начинот на плаќање на избраните лекари од 2013 година.Новоизбраниот модел се состои од исплата во два дела- фиксен и варијабилен, а има за цел професионална и финансиска независност на лекарот од една страна, поттикнување на нивото на пружената услуга, и следствено подобра нега за пациентите.

Значи постоечкиот приход на плаќање се заменува на следниот начин

1.ладна комора – фиксен дел кој за сите ординации е ист и изнесува 17.442,94 куни

Тоа ги подразбира трошоците за плата и останати трошоци ( енергија и комунални услуги, згрижување на комуналниот и медицинскиот отпад, одржување, телефон и интернет, одржување хигиена, книговодствени услуги, осигурување, дезинсекција и дератизација, канцелариски материјали, и накнада за концесија)

2.капитација – подразбира плата на лекарот ( разлика до полна плата според Колективниот договор зголемена за придонеси), и останати трошоци (лекови и потрошен материјал)

Бројо на пациенти за еден лекар е стандардизиран – минимум 1275 пациенти, максимум 2125, а стандардно во пракса овој број изнесува околу 1700 пациенти врз еден избран лекар.

Па така, годишниот паричен износ за стандарден тим од семејна медицина изнесува   506.387.87 куни за тим со лекар специјалист, и 477.468 куни за тим со лекар од општа пракса.

3.дијагностичко тераписки постапки– со одредени коефициенти цени и вредности за постапки од прв, втор и трет степен

1. постапки од нулти степен – нај основни и преку нив се следи секојдневната работа на ординацијата

2. дтп од прв степен– постапки за кои не е потребна дополнителна опрема и/или едукација.опфаќаат специфични вештини и знаења на самиот лекар

3. дтп од втор степен– постапки за кои е потребно дополнителна опрема, и трајно обновување на вештините и знаењето.

4. дтп од трет степен – побарува значајно вложување и едукација односно дополнително уверение за стручна оспособеност за одредена постапка

Извршувањето на дтп постапки е лимитирано замали тимови до износ 160 % од капитацијата, додека за стандардни и големи тимови е лимитирано до 140% од капитацијата.

Еве пример како ова се пресметува 

Screenshot_1.png

Стимулативниот дел од приходите на лекарот се плаќа преку индикатори на учинковитост  КПИ, и индикатори на квалитет QI.

1.индикатор на учинковитост  се плаќа во износ од 7,5 % од збирот на приходи од капитација + остварени ДТП  до 3000 куни.Тука се оценува работата во поглед  на препишување на лекови на рецепт, степен на издадени боледувања,упатување кон секундарно ниво, упатување кон лабораториски испитувања

2.индикатор на квалитет- се плаќа во износ од 7,5 % од збирот на капитација+дтп постапки и вклучува  водење на панели за хронично болните пациенти, и водење на книга на впечатоци или друг облик на пратење на задоволството на пациентите

Исто така стимулативниот дел од приходите се пресметува и врз основа на

Превентивни прегледи 5% од капитација

Групна пракса ( работа во група на два или повеќе лекари) 5% од капитација

Ординација со пет ѕвезди  секоја ѕвезда чини сума од 1% од капитацијата а ова подразбира советувалиште за одредени групи на болни, учество во е-здравство, можност за закажување на преглед од страна на пациентот, зимање примероци за лабораториска дијагностика, обезбедено време за телефонска консултација.

Scroll to Top