Нашата мисија е Формирање организација која ќе придонесе и работи на намалување на бројот на млади колеги кои ја напуштаат РМ, преку активности насочени кон:
- Формализирање и дефинирање на статусот на лекарите на специјализација, со цел нивно соодветно формално-правно претставување
- Претставување, заштита и унапредување на правата и статусот на докторите специјализанти во Македонија, како неопходна и витална карика во здравствениот систем на РМ, а кои права досега никогаш не биле специфично претставувани – воведување на институцијата омбдусман
- Да придонесе за континуирано унапредување на медицинската специјалистичка едукација
- Да промовира морален и етички кодекс на однесување првенствено помеѓу колегите , а крајно насочен кон пациентите
- Да воспостави и унапредува интернационална комуникација и соработка, со цел активно следење на светските трендови во медицинската едукација